Деветточкестата бубамара (Coccinella novemnotata) е вид на бубамара од Северна Америка.
Деветточкестата бубамара е државен инсект на сојузната држава Њујорк од 1989 година.[1] Бројот на единки на оваа бубамара се намалува, бидејќи бројот на донесените видови како што се седумточкестата бубамара и азиската бубамара се зголемил. Еден период се сметал за изумрен вид во Њујорк,[2] така што во 2006 година, државата размислувала да ја прогласи дванаесетточкестата бубамара како државен инсект, но законот не бил усвоен во Сенатот. Во 2006 година, деветточкестата бубамара била забележана во Вирџинија (првпат на Источниот брег за 14 години).[3] Во 2011 година, околу 20 од овие бубачки биле пронајдени на една фарма во Амагансет, Њујорк, за првпат од 1982 година.[4]
Деветточкестата бубамара може да се идентификува поради присуство на четири црни точки на секоја од нејзините наткрилца, единечна црна точка помеѓу наткрилцата како и црна линија меѓу наткрилцата.
Деветточкестата бубамара е ендемски вид во Северна Америка, во САД и јужна Канада. Некогаш била најчест вид во североисточниот дел на Соединетите Држави сè до почетокот на 1990-ти години, а последните единки биле собрани во Мериленд, Пенсилванија и Делавер меѓу 1986 и 1988 година, како и во Мејн во 1992 година.[5]
Инвазивните видови како што се Азиската бубамара, понекогаш се одговорни за опаѓањето на бројот на деветточкестата бубамара, но во некои области нивниот број бил во опаѓање и пред доведувањето и зголемувањето на бројот на инвазивните бубамари.
Деветточкестата бубамара (Coccinella novemnotata) е вид на бубамара од Северна Америка.
Деветточкестата бубамара е државен инсект на сојузната држава Њујорк од 1989 година. Бројот на единки на оваа бубамара се намалува, бидејќи бројот на донесените видови како што се седумточкестата бубамара и азиската бубамара се зголемил. Еден период се сметал за изумрен вид во Њујорк, така што во 2006 година, државата размислувала да ја прогласи дванаесетточкестата бубамара како државен инсект, но законот не бил усвоен во Сенатот. Во 2006 година, деветточкестата бубамара била забележана во Вирџинија (првпат на Источниот брег за 14 години). Во 2011 година, околу 20 од овие бубачки биле пронајдени на една фарма во Амагансет, Њујорк, за првпат од 1982 година.