Трскарот (науч. Acrocephalus) е род на се мали инсектојадни врапчевидни птици од фамилијата трскари (Acrocephalidae).
По боја се драпкасто-кафеави и живеат во мочуришта и други водести површини со трска. Некои видови имаат пруги, а други воопшто немаат белези. Многу видови се преселници, особено оние во умерените подрачја како Македонија.
Голем дел од трскарите имаат сплеснат профил на главата, што е причина за нивното научно име.
Најзагадочен вид од родот е големоклуниот трскар (Acrocephalus orinus) кој е повторно откриен во Тајланд во март 2006 г, а претходно забележан само еднаш, во 1867 г. Птицата е видена и на зафрлено место во Авганистан во летото 2009 г.
Во Република Македонија родот е присутен со следниве видови: обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus), мал трскар (Acrocephalus schoenobaenus), тенкоклун трскар (Acrocephalus melanopogon) воден трскар (Acrocephalus paludicola), блатен трскар (Acrocephalus palustris) и трскар рогозар (Acrocephalus scirpaceus).[1]