Gemmatimonadetes е колено на бактерии создадено за видот Gemmatimonas aurantiaca. Оваа Грам-негативна бактерија сочинува околу 2% од почвените бактериски заедници, а коленото на кое припаѓа е идентификувано како едно од првите девет колена по застапеност во почви.[1] Gemmatimonadetes се најдени во различни суви почви, како што се тревни површини, прерии и пасишта, како и во еутрофични езерски седименти и алпски почви. Овој широк дијапазон на средини каде Gemmatimonadetes биле пронајдени сугерира дека тие се адаптирани на ниско ниво на влага во почвата.[2] Според една студија, дистрибуцијата на Gemmatimonadetes во почвата има тенденција да биде повеќе зависна од достапноста на влага отколку од агрегацијата, потврдувајќи го верувањето дека членовите на ова колено преферираат посуви почви.[3] Исто така, неодамна беше откриен нов вид на ова колено кој е способен за фотосинтеза.[4]
Првиот член на ова колено беше откриен во 2003 година, во активна мил добиена од третман на отпадни води и беше именуван Gemmatimonas aurantiaca.[5] Метаболичките патишта и ензимите на оваа бактерија се уникатни во бактерискиот свет, а таа е способна и за анаеробна и за аеробна респирација.[6]
Моментално прифатената таксономија е базирана на Листата на имиња на прокариотите со евиденција во номенклатурата (анг. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - LPSN),[7] Националниот центар за биотехнолошки информации (анг. National Center for Biotechnology Information - NCBI) [8] и Проектот "Животно дрво на сите видови" (анг. The All-Species Living Tree Project). [9]
Gemmatimonadetes es un phylo de Negibacteria.
Gemmatimonadetes е колено на бактерии создадено за видот Gemmatimonas aurantiaca. Оваа Грам-негативна бактерија сочинува околу 2% од почвените бактериски заедници, а коленото на кое припаѓа е идентификувано како едно од првите девет колена по застапеност во почви. Gemmatimonadetes се најдени во различни суви почви, како што се тревни површини, прерии и пасишта, како и во еутрофични езерски седименти и алпски почви. Овој широк дијапазон на средини каде Gemmatimonadetes биле пронајдени сугерира дека тие се адаптирани на ниско ниво на влага во почвата. Според една студија, дистрибуцијата на Gemmatimonadetes во почвата има тенденција да биде повеќе зависна од достапноста на влага отколку од агрегацијата, потврдувајќи го верувањето дека членовите на ова колено преферираат посуви почви. Исто така, неодамна беше откриен нов вид на ова колено кој е способен за фотосинтеза.
Првиот член на ова колено беше откриен во 2003 година, во активна мил добиена од третман на отпадни води и беше именуван Gemmatimonas aurantiaca. Метаболичките патишта и ензимите на оваа бактерија се уникатни во бактерискиот свет, а таа е способна и за анаеробна и за аеробна респирација.