dcsimg
Image of Christmas tree worm
Creatures » » Animal » » Segmented Worms » » Calcareous Tubeworms »

Christmas Tree Worm

Spirobranchus giganteus (Pallas 1766)

Елкар ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Елкар (науч. Spirobranchus giganteus) — вид многучетинест црв од семејството на бигорните цевкари (Serpulidae). Познат е по својот необичен облик и ужива популарност меѓу подводните фотографи и акваристите.

Анатомија и морфолгија

 src=
Разни елкари

Црвот е наречен „елкар“ поради тоа што има по две пипки налик на елка. Научниот назив Spirobranchus се однесува на двете обоени завојни структури на телото кои служат како дишни органи.[2][3]

Видот дели многу сличности со останатите црви што прават цевчести дупки. Има валчесто расчленето тело наредено со четинки, кои помагаат во подвижноста. Бидејќи не изглегува од цевката, црвот нема наменски краци предвидени за движење или пливање.

Ова се високоизменети приусни додатоци. Секој завој се состои од перјести пипки наречени радиоли кои се мошне разресени и имаат улога на стапица за плен, кој потоа се пренесува во устата. Ресите воедно служат за дишење.

Главна разлика помеѓу елкарите и блискосродните перјести црви (Sabellida) е тоа што вторите немаат додаток на телото со кој би ја затвориле дупката кога ќе се вовлечат во неа; елкарите пак, имаат изменета радиола за оваа намена.

Како прстенест црв, елкарот има целосен систем за варење, добро развиен крвоток и нервен систем со главен мозок и голем број придружни ганглии, вклучувајќи ги ножните ганглии, присутни само кај четинестите црви. Црвот има и наполно развиен нефридиум за излачување на измет. Се размножуваат со испуштање на гаметите во водата, каде јајцата (и сперматозоидите) се мешаат со зоопланктонот и патуваат со струите.

Распространетост

Елкарите се застапени во тропските мориња ширум светот, од Карипското Море до Индискиот и Тихиот Океан.[1]

Екологија

Единките живеат всадени во цели глави на крупни каменести корали како поритите и мозочните корали. Како и другите членови на семејството, излачуваат варовни цевки околу телото кои имаат улога на заштитна обвивка, откако најпрвин ќе ја ископаат дупката во коралот.

Бидејќи не се подвижни, елкарите се хранат претежно со филтрација, зафаќајќи микроорганизми од водата во своите гранчиња.

Галерија

Поврзано

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Елкар: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Елкар (науч. Spirobranchus giganteus) — вид многучетинест црв од семејството на бигорните цевкари (Serpulidae). Познат е по својот необичен облик и ужива популарност меѓу подводните фотографи и акваристите.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија