Розовидните (науч. Rosales) се ред на цветни растенија.[2] Како клад е најсроден на кладот што се состои од Буковидните и Тиквите.[3] Содржи околу 7.700 видови, распределени во околу 260 родови. Редот го сочинуваат девет фамилии, од кои типска е фамилијата Рози (Rosaceae). Покрај ова, Розовидните се делат и на три клада кои немаат назначено таксономски ранг. Базалниот клад се состои од фамилијата Рози; друг клад се состои од четири фамилии (вкл. Крушините); додека пак третиот е составен од четири копривни фамилии.[4]
Редот има силна потпора во монофилетските и полифилетските анализи на ДНК-низи, како оние извршени од членовите на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG).[5] Во нивниот систем за класификација на растенијата APG III се определени деветте фамилии, наведени во таксономската кутија десно. Во 2011 е утврдено сродството на овие фамилии молекуларно филогенетско испитување засновано на два јадрени и десет хлоропластни гени.[6]
Најпознати членови на редот Розовидни се: розата, јагодата, капината и малината, јаболкото и крушата, сливата, праската и кајсијата, бадемот, оскорушата и глогот, хинапот, брестот, банјанот, смоквата, дудинката, лебното дрво, копривата, хмељот и конопот.
Следново филогенетско дрво е добиено со кладистичка анализа на ДНК. објавена во 2011 г.[6]
РозовидниРозовидните (науч. Rosales) се ред на цветни растенија. Како клад е најсроден на кладот што се состои од Буковидните и Тиквите. Содржи околу 7.700 видови, распределени во околу 260 родови. Редот го сочинуваат девет фамилии, од кои типска е фамилијата Рози (Rosaceae). Покрај ова, Розовидните се делат и на три клада кои немаат назначено таксономски ранг. Базалниот клад се состои од фамилијата Рози; друг клад се состои од четири фамилии (вкл. Крушините); додека пак третиот е составен од четири копривни фамилии.
Редот има силна потпора во монофилетските и полифилетските анализи на ДНК-низи, како оние извршени од членовите на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG). Во нивниот систем за класификација на растенијата APG III се определени деветте фамилии, наведени во таксономската кутија десно. Во 2011 е утврдено сродството на овие фамилии молекуларно филогенетско испитување засновано на два јадрени и десет хлоропластни гени.
Најпознати членови на редот Розовидни се: розата, јагодата, капината и малината, јаболкото и крушата, сливата, праската и кајсијата, бадемот, оскорушата и глогот, хинапот, брестот, банјанот, смоквата, дудинката, лебното дрво, копривата, хмељот и конопот.