Кинеска мекооклопна желка (Pelodiscus sinensis) — вид на желка, првпат опишана од страна на Аренд Фридрих Август Виган во 1835 година (како Trionyx sinensis). Видот исто така се среќава под називот „азиска мекооклопна желка“. Постои подвид наречен japonicus, којшто понекогаш погрешно се наведува како Pelodiscus japonica.
Черупката на кинеската мекооклопна желка може да достигне должина од 30 см. Желката има опнести нозе за пливање. Наречена е „мекооклопна“ поради тоа што на черупката ѝ недостасуваат роглести плочки. Черупката е кожеста и свитлива, особено на страните. Под средишниот дел на черупката се наоѓа слој од тврда коска, како и кај другите желки, но истиот недостига на надворешните рабови. Светлиот и флексибилен оклоп на овие желки им овозможува да се движат лесно во вода или по матните езерски дна.[3]
Бојата на черупката на овие желки е маслинеста зелена и може да има темни дамки. Пластронот е со портокалово-црвена боја и исто така мже да содржи темни дамки. Екстремитетите и главата странично се маслинесто зелени, при што предните нозе се посветли, а задните се портокалово-црвени оздола. На глвата на желката има темни дамки и темни линии коишто произлегуваат од очите. Вратот е исшаран иможе даима мали, темни линии на усните.[4]