Азиска бубамара (Harmonia axyridis), позната и како харлекин, разнобојна азиска бубамара, е голема бубачка од семејството бубамари. Ова е еден од најразновидните видови во светот, со исклучително широк спектар на бои.[1] Потекнува од источна Азија, но вештачки е донесен во Северна Америка и Европа заради контрола на лисните вошки. Распространета е исто така во Африка и низ Јужна Америка.
Азиската бубамара е типична бубамара според формата и структурата. Може да биде од 5,5–8,5 мм во големина, а по боја е портокалова или црвена, со црни точки од 0 до 22 со променлива големина. Другите вообичаени форми се рамномерно црни со, соодветно, со две или четири црвени ознаки. Долната страна е темна со широка црвеникаво-кафеава граница.
Сепак се евидентирани и бројни други форми. Екстремните форми може да бидат целосно црни, или да содржат комплексни модели на црна, портокалова и црвена боја.
Големината на овој вид обично е прва индикација за нејзината идентификација.[2] [3] И покрај варијациите, овој вид генерално не се преклопува со други видови, освен во необележаните портокалови или црвени форми. Во Европа таа е слична на многу помалата десетточкаста бубамара (Adalia decempunctata), додека во Америка е слична на две други бубамари. Кога е тешко да се идентификува, долната страна обично овозможува сигурен заклучок.[1] Идентификацијата е едноставна за вообичаените форми, додека за поретките видови може да потрае подолго за да се идентификуваат.[4] Тие секогаш имаат црвеникаво-кафени нозе, а на долната страна на стомакот се кафеави.[5]
Азиската бубамара живее во источна Азија, од централниот дел на Сибир, Казахстан и Узбекистан на запад, преку Русија јужно од Хималаите и источно до пацифичкиот брег и Јапонија, вклучувајќи ги Кореја, Монголија, Кина и Тајван. Како незаситен грабливец, се смета за биоконтрола на лисните вошки. Поради ова, азиската бубамара била внесувана во оранжерии, на земјоделски полиња и во градини во многу земји, вклучително и САД и делови од Европа. Овој вид веќе живее во САД, Канада, Аргентина, Бразил, Италија, Велика Британија, Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Холандија, Белгија, Израел, Луксембург, Франција, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Полска и Јужна Африка.[5]
Овој вид се смета за еден од најинвазивните во светот на инсектите,[6] [7] делумно и заради нивната тенденција да ги гризат луѓето. Во Европа во моментот се зголемува бројот на азиските бубамари на штета на домашните видови, а нивната исхрана дури содржи и други бубамари. Оваа бубамара е исто така многу отпорна на болести кои влијаат врз другите видови бубамари и носи еден вид паразит на кој таа е имуна, но може да ги зарази и да ги убие другите видови. Домашните видови бубамари доживеале често драматични опаѓање во бројот на единки во областите зафатени од азиската бубамара. [8]
Пријавени се штети на овошје и грозје[9] во Ајова, Охајо, државата Њујорк, и Онтарио,[10] односно загаденоста на грозјето од оваа бубамара го менува вкусот на виното.[11]
Азиската бубамара не е активна во постудени месеци, но се движи секогаш кога температурата ќе достигне околу 10 °C (50 °F). Бубачките користат пукнатини и други ладни, суви, и затворени простории за да ја поминат зимата, но значителен број може да се соберат во sидовите, доколку постоие доволно голем отвор.
Овие бубачки користат феромони за да си сигнализираат едни на други, и се собираат во големи групи, што често се гледа на есен.
Тие честопати се собираат на сончеви области заради топлина, па дури и во прилично студени зимски денови, некои бубачки ќе се „разбудат“ заради греење на сонцето. Бројноста може да биде проблематична, бидејќи тие можат да формираат рој и да лебдат на подрачје подолго време. Овие бубачки во групи остануваат во горните агли на прозорците, и исто така, се покажало дека ги привлекуваат темни материјали заради неговата апсорпција на топлина. Оваа бубамара има добар вид, се враќа на локација од која е отстранета, и се знае дека може да касне ако е испровоцирана.[12]
Истражени се бројни методи за контрола во областите каде што е донесена оваа бубамара и предизвикува закана за природните видови и биолошката разновидност, како и за индустријата на грозје. Методи на контрола вклучуваат инсектициди, стапици, отстранување на бубамарите и механичко спречување да влезат во зградите.[13] Методите кои се испитуваат вклучуваат употреба на природни паразити и патогени микроорганизми, вклучително и употреба на паразитски сексуално преносливи грини и габични заболувања.[14]
Најдобрите методи за справување со азиската бубамара во приватни домови се затворање на отворите низ кои може да влезат.[15] Нивно собирање во правосмукалка е еден од начините,[16] а создадена е и стапица дизајнирана за домашна употреба која ги привлекува бубамарите со светло и ги запечатува торба. Но, бидејќи бубамарите не се посебно привлечени кон светлината, оваа стапица не е многу корисна.
Азиската бубамара лачи голем број на одбранбени соединенија, од кои едното, (9Z, 17R) -9-октадекен-1,17-диамин (хармонин) е изолирана од хемолимфата. Пријавено е дека овој молекул има антимикробно дејство со широк спектар што вклучува човечки патогени. Антибактериската активност е најизразена против брзорастечките микобактерии и микобактериум туберкулоза, и исто против видови отпорни на хлорохин.[17]
Азиска бубамара (Harmonia axyridis), позната и како харлекин, разнобојна азиска бубамара, е голема бубачка од семејството бубамари. Ова е еден од најразновидните видови во светот, со исклучително широк спектар на бои. Потекнува од источна Азија, но вештачки е донесен во Северна Америка и Европа заради контрола на лисните вошки. Распространета е исто така во Африка и низ Јужна Америка.