dcsimg

Морско прасе ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Домашнo морскo прасe или заморец (науч. Cavia porcellus) — животно од семејството на морските прасиња (Caviidae) и се чуваат претежно како домашни миленици. И покрај нивното име, немаат никаква врска со морето, ниту пак со свињите. Овие животни се глодачи и имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.

Ова животно е припитомен вид (Cavia porcellus) на јужноамериканското морско прасе. Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 см. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките, а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување. Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата. Ова животно може да има свиоци на неговото крзно или пак да биде со рамно крзно.

За чување: -Женките првиот сексуален однос мора да го имаат пред да наполнат 8 месеци и да се породат пред да наполнат една година, бидејќи карлицата зараснува, и ембрионот т.е малечките (2-5 во просек) не можат да излезат по природен пат и ќе треба да се изврши царски рез.

-Ако имате едно морско прасе и сте решиле да вдомите уште едно, тогаш нивниот прв контакт нека биде на неутрална територија, морските прасиња бележат територија преку урината, како кучињата и ја бранат. Немојте да дозволите миленичињата уште од прв ден да не се сакаат, бидејќи тоа ќе остане така.

-За одржувањето хигена нормално потребно е на секои 3-4 дена менување на пилевината, во зависност колку морски прасиња чувате. Капење може еднаш месечно и тоа со бебешки шампон без многу хемикалии или некоја купка за интимни делови, редовно чешлање, бидејќи склони се кон митарење, и на секој 2-3 месеци сечење на ноктите, бидејќи многу брзо растат и често се кршат. Исто така предните запчиња им се кршат, но тоа не треба да биде проблем бидејќи тие непрекинато растат. Ако го чувате во кафез нема потреба од камчиња за да ги тријат забите, туку тие тоа ќе го прават од оградата на кафезот.

Исхрана

Морското прасе треба да се храни со зеленчук, но никако марула, бидејќи содржи состојка која што го нагризува црниот дроб. Овошје можете да давате но не во толку големи количини како зеленчукот. Може јаболко, мандарина во зимно време, лубеница на лето, банана (во помали количини).

Морските прасиња се тревопасни животни и не смее да им се дава месо и млечни производи. Млечните производи се особено кобни бидејќи предизвикуваат пролив, кој предизвикува смрт на животното во рок од 4-5 часа.

Размножување

Мајката ги носи малите околу 70 дена и тие се раѓаат со нокти, заби, крзно и по неколку дена почнуваат да гризат.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Морско прасе: Brief Summary ( Macedonian )