Меркат или сурикат (науч. Suricata suricatta) — мал месојад пропадник на семејството на мунгоси (науч. Herpestidae). Станува збор за единствениот член на родот Suricata.[2] Меркатите можат да се забележат во пустината Калахари во Боцвана, во дел од пустината Намиб во Намибија и југозападна Ангола, и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекува „толпа“, „банда“ или „клан“. Еден клан на меркати може да има околу 20 меркати, но некои суперсемејства може да имаат и над 50 членови. Во заробенитво, меркатите имаат просечен животен век од 12-14 години, или пак половина од тоа во дивината.
Овие животни можат да се видат во Скопската[3] и Битолската зоолошка градина[4].
„Меркат“ е позајмен збор од Африканс.[5] Името има холандско потекло, но има друго значење. Во холанскиот јазик, меркат означува гвенон, мајмун член на родот гвенони.[6] Зборот меркат на холандски означува „налик мачка“, но иако меркатот е припадник на мачковидните животни, не е припадник на семејството на мачки;[7] холандскиот збор најверојатно има потекло од санскритскиот марката मर्कट = „примат“,[8] кој бил внесен во употреба од инсиски морнар на брод на Холандската источноиндиска компанија.[9]
Меркатот е мал дневен мунгос[10] со просечна тежина од 0,5 до 2,5 кг.[11][12] Неговото долго слабо тело и екстремитети му даваат должина од 35 до 50 см и истите имаат опашка со должина од 25 см.[13] Меркатот ја користи својата опашка за да оддржи рамнотежа додека стои исправено, како и при сигнализирање.[14] Нивното лице е шилесто, завршувајќи со врв на кој е носот, со кафена боја. Околу очите секогаш има црни делови, и имаат мали уши во облик на полумесечина.[15] Како и мачките, меркатите имаат бинокуларен вид, бидејќи очите им се напред на лицето.[16]
На крајот на „прстите“ има канџа кој ги користат за копање на дувлата како и при потрага на плен.[13] Канџите исто така се користат за искачување на дрвја. Меркатите имаат четири прсти на секое стапало и долги слабникави екстремитети. Крзното е вообичаено сивкаво, жолтеникаво, или кафено-сребреникаво.[15] Тие имаат куси напоредни шари на нивните грбови, кои се протегаат од почетокот на опашката па се до вратот.[14] Овие шари се ралични кај секој меркат. Во долниот дел од телото немаат ознаки, но на стомакот имаат дел кој е делумно покриен со крно и може да се забележи црната кожа под крзното. Меркатот го користи овој дел од телото за да насобере топлина кога стои исправен на задните нозе, вообичаено рано наутро по студените пустински ноќи.[17]
Меркатите претежно се инсектојади, но се хранат и со други животни како (гуштери, змии, скорпии, пајаци, јајца, мали цицачи, двојноноги, стоногалки и многу поретко со птици), растенија и печурки (пустински тартуфи калахаритубер[18]). Меркатите се имуни на одредени видови на отрови, меѓу кои и на отровот на скорпионите во пустината Калахари.[19]
Меркатите ловоат во група при што имаат назначен еден „чувар“ кој внимава на грабливците, додека останатите се во потрага на храна. Должноста на чуварот вообичаено трае еден час. Меркатот може да ископа песок со зафатнина еднаква на неговата тежина за многу кус период.[20] Малечките на меркатите не тргнуваат во потрага по храна се додека не наполнат еден месец, и кога се во потрага на храна го следат постариот член на групата, кој воедно им е и учител за потрага на храна.[21] Меркатот кој чува стража испушта пискави звуци кога се е во ред.[22]
Животни кои се хранат со меркати се на пример боевите орли, каменестите орли и чакалите.[23] Меркатите понекогаш можат да починат и кога се каснати од змија при судирите со змиите во дивината (надувалки и капските кобри).[24]
|accessdate=
(помош) Меркат или сурикат (науч. Suricata suricatta) — мал месојад пропадник на семејството на мунгоси (науч. Herpestidae). Станува збор за единствениот член на родот Suricata. Меркатите можат да се забележат во пустината Калахари во Боцвана, во дел од пустината Намиб во Намибија и југозападна Ангола, и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекува „толпа“, „банда“ или „клан“. Еден клан на меркати може да има околу 20 меркати, но некои суперсемејства може да имаат и над 50 членови. Во заробенитво, меркатите имаат просечен животен век од 12-14 години, или пак половина од тоа во дивината.
Овие животни можат да се видат во Скопската и Битолската зоолошка градина.