Коријандер (Coriandrum sativum), исто така познат и како кинески магдонос [1] едногодишно растение во семејството на штитоцветните (Apiaceae). Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдоносот, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светло браон до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис.
Зборот коријандер за прв пат се појавува во Англискиот јазик во втората половина на 14-тиот век, а потекнува од старофранцускиот збор coriandre, кој доаѓа од латинскиот збор coriandrum,[2]
Како зачин се користат и листовите и плодовите. Додека во Европа најчесто се користат плодовите, во Јужна Америка и Азија предност има листот на коријандерот. Специфичниот вкус на листот бара одредено привикнување поради неговиот остро-горчлив вкус. Листовите на постарите билки можат да се користат за салати и како додаток на јадења од сирење. Семето вообичаено користи во теста, пецива, во рецепти кои содржат зелје, тиква и слични состојки. Одлично е како додаток на јадења од дивеч, чорби, јадења од свинско и јунешко месо, а оди и во рецепти со зелка и печурки. Познато е благотворното дејство што коријандерот го има во поцесот на варење на храната, па поради тоа е препорачливо да се додаде во било кое “тешко“ јадење. Освен како додаток за солени јадења, може да се употреби и при подготовка на слатки како компоти, божиќни колачи (Lebkuechengewuerz), маринади, коктели, а познато е и пивото Госа во кое исто така се додава коријандер. [3]
Наведените растенија се користат скоро на истиот начин како и кориандерот во подрачјата каде што се одгледуваат.
Кориандерот содржи антиоксиданти, кои можат да го одложат или спречат расипувањето на храната која е зачинета со ова растение. Истражувањата покажуваат дека и листовите и семињата содржат антиокситанди, меѓутоа количината што може да се најде во листовите е значително поголема.[5]
Хемикалиите што се добиваат од листовите на коријандерот имаат антибактериски својства кои се добри за борба против Salmonella choleraesuis.[6]
Коријандерот има голема примена во народната медицина особено како средство против анксиозност(вознемиреност) и несоница[7]
Во традиционалната медицина коријандерот често се се користи за подобрување на функцијата на дигестивниот систем и за намалуваже на гасовите во желудникот.[8][9]. Коријандерот исто така е познат како традиционален лек за дијабетес.[10]
Коријандер (Coriandrum sativum), исто така познат и како кинески магдонос едногодишно растение во семејството на штитоцветните (Apiaceae). Потекнува од Мароко, Средна и Јужна Америка. Листовите му се слични на магдоносот, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Плодовите се во форма на мали топчиња кои можат да имаат од светло браон до црвеникаво-жолта боја, а мирисаат на анис.